Њујорк во изминатите 24 часа бележи најмалку смртни случаи од 30 март, но американскиот гувернер Ендру Куомо објавил дека ограничувањето за седењето дома најверојатно ќе биде продолжено и после 15 мај во многу делови на Њујорк.
Куомо вели дека тие ограничувања во некои делови на државата можат да бидат ублажени доколку е достапен доволен број на болнички капацитет и доколку се исполнети одредени критериуми.
Куомо, навел дека уште 337 граѓани на Њујорк, жариштето на пандемијата во САД, починале во последните 24 часа од коронавирус, што е пак најнизок дневен пораст во бројот на жртвите од 30 март.