Според Сенад Бегиќ, помошник директор во Институтот за јавно здравје, Црна Гора го избегнала „најцрното сценарио“ бидејќи навремено почнала со примената на заштитните мерки. На прашањето дали коронавирусот може да има втор налет и во иднина да стане сезонски грип тој смета дека е многу рано да се зборува на оваа тема , а не посебно кого сите се во исчекување на изнаоѓање на вакцина.
-Природата на овој вирус на многупати не изненади и не демантира околу она што сметавме дека го знаеме, па затоа крајно несериозно би било да се впуштаме во било какви долгорочни прогнози. Има неколку сценарија и модели од кои секој има свои предности и недостатоци – вели Бегиќ кој не гледа ништо лошо во тоа да се оддржува растојание меѓу луѓето и да се грижат за хигиена на рацете како дел од секојдневното живеење по оваа пандемија.