Кратовец несакајќи запалил плевна и осум хектари шума

Одделението за внатрешни работи Кратово поднесе кривична пријава против З.К.(51) од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.04.2020 во с.Каврак, кратовско, пријавениот од небрежност предизвикал пожар на отворен простор, кој се проширил и зафатил површина од околу осум хектари, во сопственост на пријавениот и на повеќе други лица.

Од пожарот била изгорена сува трева, папрат, букова шума, родни дрвца, амбар и плевна во приватна сопственост, со што предизвикал опасност за животот на луѓето и за имотот.

 

Треба да знаете
Последни објави