Легитимно е правото на пратениците согласно Устав да побараат свикување на парламентот

Одговори на новинарски прашања, Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени СДСМ

 
 
Прашања: Дали вие како пратеничка група имате поднесено барање до замениците претседатели на Собранието за свикување седница и дали имате дадено предлог за самосоставување­ ?Дали тоа што спикерот Талат Џафери ја исфрли можноста за свикување на ургентна седница која ја баравте, значи дека утврдувањето на одлуките за прогласување на вонредна состојба треба да го чека новиот состав на Собранието или пак ќе употребите друг начин за свикување на седницата?

 Одговор: Легитимното право на пратениците согласно Устав и деловник на Собранието не може да биде толкувано како пуч. Легитимно, демократски и согласно деловникот и Уставот, ние како пратеници поднесовме иницијатива онака како што налагаат прописите , а тоа е до претседателот на Собранието за свикување на итна седница.

Јас можам во овој момент само да кажам дека нашиот став е непроменет и ние имајќија во предвид целокупната ситуација како пратеници сметаме дека е демократски и апсолутно корисно, Собранието да може да биде свикано да се состане и да ги потврди одлуките за времената состојба и тоа е всушност во насока на демократизација и поделбата на власта и добро е да знаат,
добро е за граѓаните, за општеството за државата да на располагање имаат уште еден механизам за контрола над Извршната власт.

Тоа е единствената причина зошто ние како пратеници сметавме дека треба да го искористиме нашето право но и нашата обврска како пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Но, уште еднаш ќе потенцирам дека како и досега така и одсега ќе го почитуваме во целост ставот на претседателот на Собранието, но ние сметаме дека како пратеници најмалку што треба да се случи, односно заслужуваме да добиеме одговор од претседателот на Собранието на писменото барање коешто е формално доставено а не да добиваме одговори преку медиумите.

Треба да знаете
Последни објави