Либискиот командант Калифа Хафтар вели дека неговите сили презеле контрола во земјата

Либиската национална армија (ЛНА) предводена од маршалот Калифа Хафтар ја презеде контролата врз владата на земјата, рече командантот на ЛНА во видео-обраќањето до нацијата доцна во понеделникот, пренесува „Скај њуз Арабија“.

„Генералната команда на вооружените сили го презема управувањето со земјата и го најавува раскинувањето на спогодбата од Скират.  И покрај големата одговорност, ние ја прифаќаме волјата на народот и мандатот што тие го делегираа“, рече тој.

Хафтар вети дека ЛНА ќе се обиде да воспостави постојани граѓански институции во согласност со волјата на народот.

„Луѓето мора да имаат контрола над својата судбина и да ја изберат својата иднина со демократски средства. Од првиот ден, нашата цел беше да ја заштитиме волјата на либискиот народ “, рече Хафтар.

Тој тврди дека спогодбата од Сикрат со посредство на ОН ја ставила земјата во опасност, но сега е дел од мрачното минато.

Спогодбата од Сикрат, позната и како Либиски политички договор, беше потпишана во Скират во Мароко во декември 2015 година. Таа се заснова на мировниот план на ОН, кој предвидува создавање на Влада на национален договор и на Претседателски совет. Двете тела се со седиште во Триполи и ги води Фајез ал-Сараџ.

На 19 јануари во Берлин се одржа меѓународна конференција на високо ниво за Либија, на која присуствуваа најмалку десет шефови на држави и влади.

Конечното соопштение на конференцијата вклучуваше повик за прекин на огнот, како и повик странските држави да се воздржат од интервенирање во внатрешните работи на Либија, истовремено предлагајќи создавање единствена влада и почнување реформи за враќање на државноста што беше срушена од страна на НАТО пред речиси 10 години. Конфликтните страни исто така се согласија да формираат специјална комисија за набљудување на прекинот на огнот.

Треба да знаете
Последни објави