Продажните цени на производителите на индустриски производи во март повисоки на месечно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март се повисоки за 0,1 процент на месечно ниво и пониски за 0,1 процент на годишно ниво.

Во споредба со февруари, зголемување на цените има во групите Трајни производи за широка потрошувачка и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти, како и во групата Интермедијарни производи за 0,2 проценти.

Во однос на март минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 2,7 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 проценти.

Треба да знаете
Последни објави