Француската полиција сведена на строго ограничени интервенции во муслиманските квартови за време на Рамазан

Обелоденет интерен меморандум на француската полиција во северниот департман Калвадос им наложува на полицајците да ги ограничат своите интервенции во муслиманските квартови за време на Рамазан само на сериозни злосторства, пренесува „Ле Паризиен“.

Меморандумот, кој бил испратен на 24 април од Централниот директорат за јавна безбедност (ДДСПП) на Калвадос, ги повикува полицајците да не интервенираат во одредени области.

„Освен ако не постои ризик за повреда на лица или сериозно оштетување на имот (штета опасна за луѓето, зградите или возилата), нема потреба да се интервенира во густо населените населби за време на Рамазан, да се крева врева без потреба или да се наметнува контрола врз групи луѓе собрани по зајдисонце за да јадат “, се вели во документот.

Фабиен Ванхемелрик, секретар на полицискиот синдикат „ Алијанса“, го критикуваше обелоденетиот меморандум, велејќи за „Ле Паризиен“: „Наспроти тоа што го кажува и го повторува владата, овој документ докажува дека полицијата има наредба да не оди на одредени места!“

Обелоденувањето на меорандумот доаѓа откако во повеќе „ранливи“ населби низ Франција избувнаа немири и беа забележани напади врз полицијата и пожарникарите, како и неколку подметнати пожари и покрај сторогиот режим на ограничено движење.

Полицијата вели дека во оследните две недели речиси секојдневно е напаѓана во департманот Ивелин од локалните млади во проблематичните населби. Во неколку од полицијата морала да употреби шок-бомби за да ја растера толпата.

Строгиот режим на ограничено движење во голема мера влијаеше на нелегалната трговија со дрога во области низ Франција, што доведе до загриженост дека ситуацијата може да резултира со насилство.

„Ако снабдувањето не започне повторно, и ако режимот на ограничено движење потрае подолго, може да стане жешко во одредени градови“, рекол полицаец кој сакал да остане анонимен, претходно месецов.

Треба да знаете
Последни објави