Харисон Форд оди на тениски меч со марама на чело но без маска за лице

Тој глумеше во две од најпознатите филмски франшизи на сите времиња, и иако се приближува до 80 години, останувањето фит и физички активен сè уште е негов главен приоритет.

Харисон Форд во понеделникот беше забележан во Пацифичките палисади во јужна Калифорнија, додека оди на тениски натпревар со бандана марама на челото, но без маска за лице, пишува британски „Дејли мејл“. Во рацете носел мала чинија со колачиња завиткани во пластика и мало шише со вода.

Ѕвездата на блокбастерот „Индијана Џонс“ (77), весел и полн со енергија, се движи кон терените, носејќи ја својата тениска торба со рекети.

Форд носи светлозелени шорцеви, сива маица, бели тениски патики и рефлективни очила за сонце..

Холивудската икона потоа стави црна бандана околу челото, но се чини дека ја откажа препорачаната маска за лице што треба да се носи во јавност среде пандемија на коронавирус, пишува британски „Дејли мејл“.

Форд се подготвува да ја повтори улогата на Инди во уште едно продолжение на франшизата.

Доктор Хенри Волтон „Индијана“ Џонс, Помладиот е измислен американски авантурист, таен агент, професор по археологија и главен лик во серијалот играни филмови Индијана Џонс

Треба да знаете
Последни објави