Абе: Запознаен сум со извештаите за здравјето на Ким Џонг-ун

Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, изјави дека е запознаен со извештаите за здравјето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и внимателно ги следи случувањата.

Абе го изјави ова на седница на парламентот, пренесе „Ројтерс“.

Претходно денеска, и претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека знае како е Ким, но не може да зборува за тоа.

Гласините и шпекулации за здравјето на Ким Џонг-ун започнаа откако тој не се појави на 15 април за да го одбележи роденденот на неговиот дедо, основачот на Северна Кореја.

Некои светски медиуми објавија дека Ким Џонг-ун бил подложен на кардиоваскуларна операција и сега се наоѓа во „вегетативна состојба“, но овие информации не се официјално потврдени.

Треба да знаете
Последни објави