Аца Лукас спрема емисија, пејачот ќе стане водител

Српскиот пејач Аца Лукас ќе стане водител. Додека е во изолација тој ја подготвува својата емисија. Заради емисијата, Лукас планира да ги откаже и настапите до крајот на годината.
„Емисијата што ќе ја водам е моја измислица. Мислам не е измислица, туку класично шоу. Ќе биде малку поконкретно од сето она што го гледаме сега. Ќе се вика ‘На гости кај Аца Лукас’ и ќе доаѓат најразлични луѓе актери, спортисти, доктори, а најмалку пејачи. Ќе се снима во мојот стан“, рекол Лукас во инстаграм ток-шоу „Во четири ѕида“.
Пејачот открил и дека седењето дома му е тешко, но и дека има фобија од фразата „останете дома“…
Преземено од reporter.mk

Треба да знаете
Последни објави