Фејсбук статус на Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ
Кога Мицкоски излегува на прес и ги споредува буџетските дефицити во првите квартали од 2017 година наваму, намерно или ненамерно заборава да направи споредба на подолг период со цел да ја имаме целата слика. Додека на власт беше неговата партија секоја година беа планирани превисоки буџетски дефицити, а при трошењето во текот на годината не ретко истите беа и надминувани, што се гледа од следниот графикон на кој се претставени планираните и остварените буџетски дефицити во минатите 6 години во апсолутни износи (2014-2019):
Фактите уште помалку одат во прилог на тврдењата на Мицкоски кога буџетскиот дефицит ќе се изрази како процент од БДП што е најчесто користен стандард/сооднос за пресметка на дефицитот, и истите може да се проследат на следниот графикон:
Продлабочувањето на буџетскиот дефицит во овој период кога државата неочекувано, како и целиот свет, се соочи со пандемијата од COVID-19 е појава која не ја одминува ниту една економија. Намалената економска активност која е последица на прогласената пандемија е најголемата причина за намалувањето на тековните буџетски приходи. Од друга страна владата (Министерството за финансии и УЈП) прави максимални напори со директно вбризгување на ликвидност во економијата, последиците од оваа корона криза да бидат колку може помали. Исплатата на повратот на ДДВ дополнително е динамизирана, исплатите на пензиите и другите социјални трансфери се одвиваат веќе и предвремено, субвенциите во земјоделието се исплаќаат целосно и навремено, а и сите други буџетски трансфери и плаќања се извршуваат во законски предвидените рокови без никаков застој со единствена цел зголемување на ликвидноста на компаниите и граѓаните, што е во насока на зголемување на потрошувачката која директно влијае на полнењето на буџетот и растот на БДП.
Владата на СДСМ за целиот овој период од почетокот на пандемијата активно работи и на прибирање средства со кои ќе биде амортизиран ударот врз приходната страна на буџетот, па така до сега извесни се:
– 62 милиони евра помош од ЕУ
– 176,53 милиони евра од ММФ, одобрување на 100% од квотата
– 72,35 милиони евра нето задолжување кај домашните банки во текот на април
– 160 милиони евра, дополнителна помош од ЕУ за надминување на кризата
– 140-160 милиони евра од Светска банка
Околу конзистентното инсистирање на благајничките записи, уште еднаш потсетуваме дека тие се алатка на монетарната власт која е во рацете на Народната Банка на Северна Република Македонија која соодветно на новонастанатата ситуација реагираше уште на средина на април месец кога на редовната аукција на благајнички записи одлучи да емитува износ 17 милијарди денари, што во пракса значи намалување од 8 милијарди денари (околу 130 милиони евра) од комерцијалните банки кои биле „пасивизирани“ а кои сега остануваат како вишок ликвидност кај банките и истите се очекува да бидат искористени како за кредитирање на приватниот сектор и населението, така и за кредитирање на државата преку државнитe записи.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10158390345108851&set=pcb.10158390371573851&type=3&__tn__=HH-R&eid=ARBqiISALHzA4oSznruYZNxkWpj2bMQ6YjASgXxsavfgjmFESCNv_TNk7Ya15FKhw7pMGmExmPD23drg