(Видео) Руската воена авијација објави снимка од „сухои“ во акција

оморската авијација на балтичката флота за време на воена вежба успешно неутрализира „непријателски цели“ во водите на Балтичкото Море, пренесе прес-службата на руската флота.

„За време на планираната обука на екипите на фронтовските бомбардери ‘су-24’ и ‘су-30СМ’ на поморската авијација, извршен е условен напад врз цели во морските полигони во Балтичко Море, со користење на воздухопловни средства за уништување“, се вели во соопштението.

Ловци „су-27“ летале над морето за да ја надглеуваат ситуацијата, по што извршиле напад на симулирана флота на непријателски бродови, пренесува „Спутник“.

Вежбите опфаќале и сложени акробатски маневри во текот на летот, борбени дејствија и методи за избегнување на непријателската одбрана.

Во вежбите учествувале десетина поморски авиони од руската балтичка флота.

 

Треба да знаете
Последни објави