Mногу граѓани, медицински професионалци и службени лица се загрижени поради олеснувањето на ограничувањата воведени поради коронавирусот, а еден Американец ќе се обиде во мај да ги потсети граѓаните да останат дома за време на пандемијата.
Адвокатот Даниел Улфелдер изјави дека планира турнеја на плажите на Флорида, на кои ќе се појави во костим на смртта на 1 мај.
Во март тој се залагаше за затворање на сите плажи на Флорида и рече дека гувернерот не се грижи дали луѓето ќе починат, пренесува Klix.ba.
Оваа турнеја има уште една цел, а тоа е собирање пари за демократите за да се кандидираат за федералната власт оваа година. Улфелдер рече дека целта е да се соберат 20.000 американски долари и ги повика Американците да помогнат за да ги избркаат републиканците од власта.