Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриески говореше за изречената кривична пресуда врз него во Отвореното студио на ТВ 24.
„Не може да ме обесхрабри оваа кривична пријава, јас сум должен да се грижам за здравјето на граѓаните, времето ќе покаже дека таа пријава ќе биде отфрлена затоа што во случаот нема елементи на кривична одговорност, направив повеќе од шест тестови и сите беа негативни на коронавирусот, ќе продолжам да се борам за доброто за моите кумановци“- рече Димитриевски.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе го гони кривично, а Димитриевски веста за поднесената кривична пријава ја објави на Фејсбук.
„Постапив согасно укажуањата во решението, најавив дека ќе одам на тестирање, го известив епидемиологот, побарав ковид возило, ги остварив сите потребни контакти и дури тогаш излегов од дома. Може да напишаат што сакаат во кривичната пријава, но јас верувам во правниот систем и во политиката која е е чесна доколку ја водат чесни луѓе, но поединци ја злоупотребуваат“ – рече тој во Отвореното студио на ТВ24