Англискиот фудбалски премиерлигаш Евертон има намера да го ангажира играчот од средниот ред на Реал, Хамес Родригез. Според новинарот Николо Скира, клубот од Ливерпул, му понудил на 28-годишниот Колумбиец четиригодишен договор.
Доколку трансферот на Хамес не успее, тогаш Евертон ќе се обиде да ги ангажира Филипе Кутињо кој е во Баерн на позајмица од Барселона или Ирвинг Лозано од Наполи.