Елена Ристеска: „Полнам 34 години и сè уште не ми треба ботокс“

„Конечно цела торта за мене“, се пошегува Елена Ристеска на својот карантински роденден и си посака и на 35 години да не ѝ треба ботокс, исто како сега.

Елена Ристеска вчера (27.04) наполни 34 години. Оваа година роденденот го прослави дома во карантински услови, но на шега вели дека добро е што за првпат целата торта е само за неа.

Со објава на својот Инстаграм профил таа го одбележи својот роденден.

„Happy B-day to ME.
Полнам 34 и сѐ уште не ми треба ботокс. Се надевам дека истиов статус ќе го напишам и на 35. До тогаш да сме здрави и живи. Да ја надминеме „короната” – за некого заговор, за некого грда вистина и загуба на блиски. За сите нас ужасен старт на 2020-та година помината во страв.

Како дете често ми се паѓаше роденденот на Велигден, па славев роденден само со најблиските. Така што не е толку трагичен овој роденден за мене да го поминам во изолација…

Преземено од crnobelo

elena-risteska-polnam-34-godini-i-s-ushte-ne-mi-treba-botoks-03.jpg

Треба да знаете
Последни објави