Клубовите кои обезбедија пласман во осминафиналето на машката ракометна Лига на шампионите, а нема да играат во елиминациската фаза бидејќи ЕХФ поради пандемијата со коронавирусот одлучи дирекно да го организира завршниот турнир со четирите најдобри екипи, по две првопласирани од двете групи, ќе добијат отштета од по 25.000 евра.
ЕХФ за сите екипи кои беа елиминирани административно издвои 250.000 евра, односно по 25.000 евра за секој клуб, меѓу кои се најде и актуелниот европски првак скопски Вардар. Покрај Вардар по 25.000 евра ќе добијат трето, четврто, петто и шестопласираните тимови во двете главни групи и двете најдобри од групите Ц и Д.
Финансиска утеха од по 25.000 евра ќе има и за четири клуба во Лигата на шампионите кај жениете кои не добиваат можност да се квалификуваат за завршниот турнир во Будимпешта.