Ние сме негде во средината на регионот по бројот на заразени и тоа е малку во однос на бројот на популацијата- рече Д-р Жан Митрев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 тв.
„Кога би се тестирале многу повеќе луѓе, бројот на смртност би била под 1 процент, што е многу малку. Во однос на кривата во светот, пикот е достигнат скоро секаде и се спушта надолу“, вели Митрев.
Според него, на 2 милиони жители, бројот на смртни случаи од кардио-васкуларни заболувања е 850 лица.
„Опасноста од коронавирусот или тоа што ги исплаши луѓето е дека тој е непредвидлив, некои имаат симптоми, некои не ги почувствувале, а некои нагло починаа без да им се помогне. Тоа всушност ја направи паниката“.