Зоран Заев не смее да го продава македонскиот јазик и идентитет

Заев се богати и се обидува да се избори за уште една амнестија за криминалот, а Македонија ја плаќа цената. Власта предводена од Зоран Заев, Оливер Спасовски, Никола Димитров и Радмила Шекеринска во период на здравствена и економска криза крие и релативизира важни документи. Бугарија ја користи неспособноста, криминогеноста и алчноста на Заев и го условува членството на Македонија во ЕУ со почитување на договорот што ги потпиша СДСМ.

Со овој документ се подриваат темелите на македонската држава, македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот народ.

Власта предводена од СДСМ не се интересира ниту за здравјето на граѓаните, ниту за државата.

Релативизирајќи ја новонастанатата ситуација со бугарскиот документ, ставајќи го проблемот под тепих, СДСМ прави голема штета на граѓаните и државата.

До кога Заев и неговите соработници ќе го игнорираат ова прашање?

Последиците од политиките на СДСМ и Заев ќе бидат долгосежни.

Заев гледа само како да се спаси од одговорност за криминалот, ништо друго не го интересира.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува на разум, државнички однос и заеднички договор за ова прашање.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага на претстојната лидерска средба покрај за состојбата со здравствената и економска криза како приоритет, да се разговара и усогласи заедничка стратегија како одговор на условувањата на Бугарија. Воедно треба да се постават основи за  заеднички усогласена надворешна политика, како и стратегија за национална безбедност. Тоа треба да бидат документи со кои ќе се обврзни сите идни Влади. На лидерската средба треба да се дадат одговори за здравствената и економската криза, како и да се изгради заеднички државен став за надворешната политика и националната бебедност.

Треба да знаете
Последни објави