Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.З.(34) од с.Врбен – Маврово и Ростуша, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување на јавна инсталација“.
На 18.11.2019 во с.Маврово, на место викано „Маврови крстови 2“, во двор од куќа сопственост на И.П. од Гостивар, при изведување на градежни работи, пријавениот со работна машина багер оштетил високонапонски подземни кабли од електрична енергија, сопственост на ЕВН Македонија, при што бил предизвикан прекин во напојувањето на електрична енергија на околу 120 куќи во с.Маврово.