Мицкоски: Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ сега не се изборите, мандатот на пратениците е завршен

Овој состав на Парламентот е поранешен и мандатот на претниците со неговото распуштање е завршен. Тие го вратија легитимитетот назад, кај граѓаните. Единствен што може да ја наполни салата во Собранието е народот. Не може ниту Зоран Заев, ниту група на пратеници да се обидуваат да го кршат Уставот, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, уште еднаш повтори дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ сега не се предвремени избори, туку надминување на состојбата со коронавирусот.

-ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да го порази СДСМ секогаш. Но, одржување предвремени парламентрани избори кога имаме пандемија на КОВИД-19 и кога секојдневно се бориме со инифицирани луѓе и жртви, кога се соочуваме со економска, санитарна и образовна криза, па и воопшто кога имаме кризна состојба, не еден од приоритетите. Најпрво да се избориме за здравјето на граѓаните, да ја вратиме економијата на победничките патеки, а потоа можеме да размислуваме за избори, истакна Мицковски, одговорајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите ако тие се одржат на крајот на јуни или во почетокот на јули.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата ја обвини Владата предводена од СДСМ дека во првите три месеци од годинава потрошила нешто под 43 отсто од вкупно планираниот  буџетски дефицит за 2020-та или 120 милиони евра повеќе од тоа што е собрано во државната каса. Со тоа, нагласи Мицковски, власта го задолжила секое македонско семејство со по 15.000 денари во просек.

– Анализите покажуваат дека врз Буџетот е направен смислен и добро организиран грабеж на нардоните пари. Трошено е безмилосно, расипнички и недомаќински, а за тоа постојат и конкретни бројки. Само во март се потрошени 50 милиони евра повеќе од она што е собрано во Буџетот, а лани истиот месец биле потрошени само седум милиони евра, обвини Мицковски, додавајќи дека во првите три месеци од 2017 година биле потрошени 19 отсто од планираниот буџетски

Треба да знаете
Последни објави