Од коронавирус во Франција починаа уште 437 лица

Смртните случаи од коронавирус во Франција се зголемија за 437 лица во последните 24 часа, со што вкупниот број на жрви се искачи на 23.223, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Според Ројтерс, зголемувањето на смртноста од 1,9 проценти е најголемо во изминатите четири дена, но значително пониско од стапката на четири проценти пред десетина дена.

Бројот на заразени со коронавирус во болниците се намали на 28.055, од 28.217 во неделата, додека бројот на пациенти на интензивна нега се намали на 4.608, во однос на вчерашниот ден во 4.682.

Ова претставува тренд на намалување во изминатите десет дена, наведува агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави