Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави статус во кои наведува дека се откажува од дел од својата плата и ќе ја уплаќа во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид 19.
„Живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже барем малку солидарност и колективна одговорност. Државните функционери (секој од нас поединечно) треба да предначат во тоа чувство на одговорност. Седете дома (иако е тешко). Секој од нас е одговорен за своето и јавното здравје. Почитувајте ги препораките за социјална дистанца и носење на заштитна опрема. Во извештаите за состојбата на заболените, луѓето се само бројка, но, почитувани, таа бројка може да биде било кој од нас. Секој е важен. Секој човек е важен“, додава тој.
Пратениците, директорите, судиите, обвинителите и сите останати избрани и именувани лица за април и мај нема да бидат на минималец, односно и понатаму ќе продолжат да земаат целосна плата, бидејќи Уставниот суд денеска ги поништи Уредбите на Владата.