Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Кочани-Македонска Каменица

Поради сообраќајка, денеска од 15.43 часот во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Кочани-Македонска Каменица, кај месноста викана Бања, пред село Истибања.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Треба да знаете
Последни објави