Спасовски: Релаксиран карантин за првомајскиот викенд

На денешната седница на Влада донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници, напиша премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук.

-На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден. За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот. Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави