Стружанец ќе плати 3.000 евра за прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице обвинето за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик,.

Обвинетиот за време на полицискиот час бил затекнат од полициски службеници додека се движел пеш во близина на с.Франгово, струшко на  12 април, со што постапил спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежен јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.​

Треба да знаете
Последни објави