Сугарески: За изградба на брана на река Отиња годинава се предвидени 200 илјади евра

За изградбата на браната на река Отиња годинава ќе има околу 13 милиони денари, објави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Поради кризата со пандемијата, но и процедурите кои треба да се запазат со забелешките на ИЗИС за проектов, а потоа и постапката за добивање на градежна дозвола, овие средства ќе бидат доволни годинава за да почнат градежните работи и фирмата која ќе биде избрана на тендерска постапка да биде воведена во работа.

– Значи околу 200.000 евра имаме за почеток, за да почне изградбата на браната. Овие бирокрстки процедури кога би завршиле и да се објави тендер, тоа би почнало некаде претпоставувам, ако се биде во ред август, септември. Така да тие ќе бидат доволни средства за оваа година, таа е повеќегодишна набавка, вели Сугарески.

Тој истакна дека реализацијата на проектов е од исклучителна важност за градот Штип, но и за Владата. Браната на река Отиња се очекува да чини над седум милиони евра. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека сега се чека да одговорат експертите од Градежниот факултет на забелешките на ИЗИС, по што ќе следи и постапката за добивање на градежната дозвола од Министерството за тарнспорт и врски.

Треба да знаете
Последни објави