Трамп сака да ги повлече сите американски војници од Авганистан

Американскиот претседател Доналд Трамп, наводно, сака да ги повлече сите американски војници од Авганистан поради опасноста од пандемија на коронавирус.

Цитирајќи ги американските официјални лица, телевизијата Ен-би-си објави дека Трамп сметал дека е корисно да се повлечат илјадници американски војници од Авганистан кои се изложени на ризик од епидемијата. Се наведува дека советниците се обидуваат да го одвратат Трамп од оваа идеја.

Неименувани официјални лица за Ен-би-си изјавија дека таквата одлука е можна затоа што Трамп го изгубил трпението поради бавниот напредок на разговорите со Талибанците. Се очекува САД да го намалат бројот на трупите во Авганистан на 8.500, пред се според договорот со Талибанците постигнат во февруари.

Треба да знаете
Последни објави