Трамп: Спроведуваме сериозна истрага за коронавирусот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, тврди дека Кина можела да го запре коронавирусот пред да се прошири низ светот, додавајќи дека неговата администрација спроведува сериозна истрага за тоа што се случило.

„Ние спроведуваме многу сериозна истрага. Не сме среќни поради постапувањето на Кина“, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа.

Тој додаде дека Вашингтон верува оти вирусот можел да се запре на местото на кое настанал.

„Можеше да се запре брзо и да не се прошири низ целиот свет“, рече Трамп.

Треба да знаете
Последни објави