Чулев: Да бидеме претпазливи со мерките за да не дојде до граѓанска непослушност

Наќе Чулев за 24 телевизија рече дека не е моментот да  се оди со многу рестриктивни мерки и затоа предложил да биде ограничувањето на движење како и во нормални денови.

На влада заклучивме дека сепак не е добро да имаме целосно затворање на викендот и 1-ви мај. Моите аргументи беа во насока дека кај граѓаните веќе постои повисока свесност, за лична заштита, со мерките против ширење на заразата. Како што гледате граѓаните ги почитуваат мерките и одлуките на владата, носат средства за лична заштита маски и ракавици. Другиот аргумент беше психолошкиот притисок кој што е енормно зголемен врз граѓаните, полицијата е секојдневно со граѓаните и забележана е енормна агресивност кај нив.

Чулев потенцираше дека заострувањето на мерките за првомајските празници може негативно да влијае на психо-физичко здравје на граѓаните.Исто така потенцираше и укажа на случувањата во некои соседни земји каде што се појавува граѓанска непослушност и мора да бидеме претпазливи да не се случи тоа и кај нас.

 

Треба да знаете
Последни објави