Министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното интервју во Отвореното студио на ТВ 24 рече дека МВР не поднесува кривична пријава против реисот Сулејман Реџепи, за изјавата со која се закани дека ќе ги повика верниците да не ги почитуваат мерките на Владата.
„Чекам колегите да се искоординираат со Основното јавно обвинителство, па да се одлучи дали ќе се оди со кривична пријава. За тоа дали има елементи во неговата изјава за кривична пријава, да почекаме што ќе каже ОЈО. Не би да преудицирам одлука на ОЈО. Колегите комуницираа со јавниот обвинител и сега чекаме. ОЈО треба да не води во постапката“ – рече Чулев.