Шеснаесетгодишник на мопед се судрил со „бмв“

На 27.04.2020 во 17.47 часот било пријавено дека во Куманово на ул.„Драган Стопаревиќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(47) од Куманово и мопед „априлја“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник.

Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави