Дел од малите и средни претпријатија ставија клуч на врата и ги отпуштија вработените, поради кризата која настана со ширењето на вирусот Ковид-19. Од март минатата година, до март оваа година, има нови 1900 невработени лица, објави емисијата „5 минути факти“ во вчерашната епизода.
„Излезот од кризата ќе го бараме во реорганизирање на самите компании“, изјави за „5 минути факти“ Миле Бошков од конфедерацијата на работодавачи.
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека со главната мерка со која се покрива минималната плата од 14.500 денари, според нивните анализи, над 80 проценти од претпријатијата ќе можат да ги користат мерките на Владата.
Извршната директорка на стопанската комора за туризам Билјана Пејовска- Ристевска вели дека туризмот ќе се соочи со голем проблем најмногу поради рестрикциите кои ќе ги наметнат некои држави од Европската унија.
Целата емисија е достапна на следниот линк:
https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/885409015240538/?t=0