Американскиот бенд New Kids on the Block сними нов сингл за добротворни цели заедно со неколку познати музички ѕвезди. Воедно тоа ќе биде и своевиден камбек на бендот со целосен проект.
Песната „Домашна забава“, која има за цел за да го крене духот и да собере пари за борбата против коронавирусот, ќе ве натера да танцувате во вашата дневна соба. Тие дури направија и музичко видео во текот на самоизолација.
„Разговаравме со фановите, тие прашуваа за нова музика и јас им реков можеби некој од нашите пријатели музичари го слуша ова и ќе ни испрати тонови,“ рече Дони Валберг, член на бендот, во разговор со Си-ен-ен.
„Буквално, еден час подоцна во мојот телефон имаше порака, музика, и јас потоа седнав на маса и почнав да ја пишувам House Party.“
А стиховите токму одговараат на сегашноста кога многумина се самоизолираат. „Нема ништо друго освен време… мислам дека ќе го изгубам умот…кога ќе престане? Не можам да го издржам ова повеќе!“
Песната почнува со порака: „За оние што го губат умот, треба да се сетите дека и во најлоши времиња можеме да направиме најдобро време“.
Песната House Party треба да собере средства за непрофитната организација No Kid Hungry, чија цел е да се спречи глад на децата среде пандемијата на коронавирус.