Гатузо ќе остане во Наполи уште една сезона

Тренерот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, Џенаро Гатузо ќе продолжи да работи во Неапол каде дојде во декември 2019 година.

На 30 април, 42-годишен фудбалски стручњак има право да ја искористи клаузулата за рано заминување од клубот, но тој нема да го стори тоа.

Гатузо има намера да го изработи договорот со Наполи до крајот, а тоа е завршување на сезоната 2020/21.

По 26 кола, неаполитанците го заземаат 6. место во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави