Зоолошката градина во Скопје која не работи месец и половина се подготвува да биде отворена со 500 до 1.000 посетители дневно. Тоа ќе претставува постепеното отварање на Зоолошка градина, кое се планира да се случи во средината на месец мај. Покрај ограничениот број на посетители кои можат да прошеатата во ЗОО, и билетите за посетителите ќе се продаваат електронски за да не се создаваат редици пред билетарницата.
-Ги следиме искуствата од другите зоолошки градини низ Европа, кои исто така поради пандемијата на КОВИД-19 беа затворени. Зоолошката во Љубљана пред неколку дена беше отврена за посетители, исто и градините во Германија. Согласно препораките на Владата и олабавување на мерките, и скопската градина ќе почне да прима посетители, но многу помалку за разлика од порано. Дневно ќе може да ја посетат од 500 до 1.000 граѓани, со оглед на тоа дека станува збор за простор од 30.000 метри квадратни. Сите посетители задолжително ќе мора да носат заштитни маски. Вработените веќе работат со заштитна опрема маски и ракавици, вели Ѓорѓи Галетановски, директорот на скопската Зоолошка градина.