Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска во телевизиско обраќање изјави дека Русија ја очекува нова и тешка фаза на пандемијата.
„Релативно со стабилизира дневното зголемување на нови случаи, но тоа не треба да нè смирува, ситуацијата е сè уште многу сериозна“, рече Путин.
„Сè уште не сме го достигнале врвот на заразата. Нè чека нова и болна фаза на пандемијата. Смртоносниот вирус е сè уште закана за нас“, додаде тој.
Путин рече дека Русија ќе ги продолжи ограничувањата до 11 мај. По тој датум, земјата би можела да започне постепено да ги олеснува рестрикциите, пренесува Си-ен-ен.
„Треба да се подготвиме за тешкиот пат пред нас“, рече Путин.
„Треба да се грижиме за сите ризици и да бидеме разумни за да не го изгубиме целиот напредок што го постигнавме досега“, истакна тој.
Рускиот претседател претходно побара од Владата до 30 април да поднесе извештај за тоа како се одвива работата поврзана со развојот на вакцина против Ковид-19.