Ребиќ прерано е да се зборува сега за нов договор

Напаѓачот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Милан, Анте Ребиќ, каде настапува како позајмен играч за две сезони од германскиот Ајнтрахт, го сподели своето мислење за неговиот настап во клубот.

– Конечно имав можност да одиграм неколку натпревари по ред и успеав да покажам што можам да направам. Најмногу го искористив овој момент. Само чекав можност да се докажам во Милано, а битката со Удинезе беше голема шанса за мене. Да бидам искрен, секогаш верував во себе. Пиоли ми даде можност да играм неколку натпревари по ред, и се обидов да го искористам максимумот. Да се ​​зборува за иднината е прерано сега, бидејќи она што се случува околу нас покажува дека не можете да направите предвидувања во животот, изјави Ребиќ.

Оваа сезона, 26-годишниот Хрват одигра 15 натпревари во Серија А, на кои постигна шест гола.

Треба да знаете
Последни објави