Ѓорѓе Давид откако го победи коронавирусот и од болница се врати во својот дом, сега откри што е неговиот следен чекор на кој особено се радува.
– Едноставно сметам дека имам долг кон нашето здраство и докторите и дека кога ќе помине овој последен викенд во карантин, ќе одам да ја дадам својата плазма. Нашето здраство ми го спаси животот и моја морална обврска е да им дадам плазма како некој кој е излекуван со цел мојата крв и мојата плазма спасат нечиј живот – рекол Давид и открил на што особено се радува.
– Се радувам на концертите, на нормализирање на животот, на претставите, на „Ѕвездите на Гранд“, кои се надевам ќе продолжат со снимање во мај – рекол Ѓорѓе Давид.
https://www.instagram.com/p/B-xSNill9Cj/?utm_source=ig_embed
Српскиот рокер на 26 Март јавно објави дека е позитивен на коронавирус а можно е да се заразил во нашата земја.