Финансиската поддршка на француската Влада за „Ер Франс” доаѓа со очекување дека авиокомпанијата ќе продолжи да купува авиони од „Ербас”. Тоа го изјави денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер, јави дописникот на МИА.
Владата во петокоти понуди на авиокомпанијата пакет од седум милијарди евра (7,6 милијарди американски долари) составен од државни банкарски заеми и заеми директно од државата.
– Ако го поддржуваме „Ер Франс” – не го кријам тоа – „Ер Франс” мора да продолжи да биде добар клиент на „Ербас “, што исто така е во тешка состојба, рече Ле Мер за телевизијата ЛЦИ.
Тој додаде дека Владата може исто така да го поддржи „Ербас” „масовно кога тоа ќе биде потребно”.