Десетици луѓе, меѓу кои и деца, загинаа во експлозија во сирискиот град Африн откако камион-бомба експлодирал среде преполна улица. Турција веднаш ги обвини за нападот курдските „терористи“, пренесува РТ.
Експлозијата се случи на пазарот во близина на центарот на градот, правејќи огромна огнена топка и облак црн чад во воздухот. Покрај загинатите, повредени се и други 47 лица, соопшти турското Министерство за одбрана.
https://twitter.com/Doranimated/status/1255263456875425793
Иако ниту една група сè уште не ја презеде одговорноста за нападот, Анкара ја обвини ЈПГ, курдската милиција активна во Сирија што турската влада ја смета за терористичка организација.
Според гувернерот на турската провинција Хатај, турските сили уапсиле еден осомничен кој го напуштил камионот откако го довезол на преполниот пазар. Сепак, снимките од нападот покажуваат дека камионот сè уште се движел во моментот на експлозијата, сугерирајќи или дека осомничениот не бил возачот или дека имал соучесник.
Оплакувајќи ги многуте цивилни маченици кои загинаа во нападот, сириските државни медиуми објавија дека се убиени и голем број „терористи“ поддржани од Турција.
Милитантите го окупираа Африн – град со мнозинско курдски население – откако Турција ја почна својата прекугранична операција „Маслинова гранка“ во 2018 година со цел да ги расчисти ЈПГ и сојузничките милиции кои ја презедоа контролата над градот откако сириската влада ги репозиционираше своите сили неколку години претходно.
Explosion in #Afrin pic.twitter.com/kc1KjZ18k4
— Kevok Foundation #NoFlyZone4Rojava (@FoundationKevok) April 28, 2020