Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје Кристијан Трајковски , одлучи неговата плата да остане 14.500 денари, а остатокот да го уплати во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид-19. „Солидарноста, човечноста и хуманоста, но пред се чувството за одговорност , во овој период ни се потребни повеќе од кога било досега’’, вели Трајковски.