ГИДС: Државите ги игнорираа раните предупредувања за пандемијата

Голем број држави не им посветија доволно внимание на советите од странство во раната фаза на пандемијата на новиот коронавирус, тврди германски воен аналитички центар.

– Кризата покажува дека, зависно од политичката култура, раните предупредувања делумно биле игнорирани, па дури и отфрлени, од различни држави, изјави Кристијан Хагенмилер, лекар и експерт во Германскиот институт за одбрана и стратешки истражувања (ГИДС), во документ објавен денеска.

Тој како пример ги наведе САД.

– Тие имаат многу развиени средства за рано откривање на здравствени закани, како цивилни така и воени, и брзо го препознаа развојот на настаните со Ковид-19. Но, политичкото раководство тоа не го сметаше за приоритет, истакна Хагенмилер.

ГИДС е институција заснована врз соработката меѓу германската армија и воениот универзитет „Хелмут Шмит” во Хамбург. Институтот ги истражува безбедносните прашања и ги советува политичарите и воените лидери.

Треба да знаете
Последни објави