Емери сака повторно да биде тренер во Ла Лига

Унаи Емери призна дека сака повторно да биде тренер во шпанската елита. Понудите за стратегот од Баскија не изостануваат, но тој бара ветувачки проект.

– Јас се враќам од Англија и отворен сум да водам тим од Шпанија, Италија, Франција … Јас сум склон да одам на друго место, но ако ме прашате дали сакам повторно да сум тренер во Ла Лига, ќе ви кажам дека сум поблиску до Шпанија, рече Унаи во интервју за „Еуроспорт”.

Тој вели дека сите шпански тренери сакаат да пробаат нешто ново, да стекнат искуство и потоа да се вратат во својата комфор зона.

– После четири години во странство, мислам дека ако ми се укаже добра можност и ако сум мотивиран, би тренирал повторно во Шпанија, сè додека ме привлекува проектот, се исповеда тој.

На Пиринеите, Емери ги предводеше екипите на Алмерија, Валенсија и Севиља.

– Имам многу пријатели и убави спомени во Валенсија. Тоа е прекрасен клуб кој има одличен тренер. Секојпат кога доаѓам на „Местаља” имам посебно чувство, рече стратегот.

Треба да знаете
Последни објави