За прекршување на полицискиот час по 1.500 евра казна за 26 струмичани

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 26 лица.

Обвинетите во периодот од 24 март до 8 април, не ги почитувале одлуките и мерките на Владата на Република Северна Македонија со кои се забранува движење на населението на територијата на државата. Со тоа, секој од нив, во одделни кривично правни настани, не постапил согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, поради која е прогласена пандемија.

Обвинителството за секој од обвинетите предложи судот да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 30 евра во денарска противвредност.​​

Против две лица Основното јавно обвинителство Битола денеска поднесе предлог за издавање казнен налог заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите на 27 април за време на полицискиот час, без да поседуваат дозвола, се движеле со автомобил пред влезот на Клиничката болница во Битола, каде биле сопрени од полициски службеници.

Основното јавно обвинителство Битола му предложи на Судот за обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што вредноста на една една глоба да се определи на 20 евра во денарска противвредност.

Треба да знаете
Последни објави