Кинеските научници тврдат дека короната никогаш нема да исчезне, поверојатно е друго сценарио

Кинеските научници тврдат дека човештвото никогаш нема во целост да го искорени коронавирусот, со тоа приклучувајќи се на се поголем број меѓународни експерти кои велат дека вирусот ќе се враќа сезонски, како грипот.

Според „Блумберг“, кинеските научници тврдат дека е малку веројатно дека коронавирусот ќе исчезне онака како што исчезна неговиот „постар брат“ САРС пред 17 години, бидејќи се пренесува меѓу луѓето, притоа непредизвикувајќи никакви симптоми кај некои од нив. Токму оваа група асимптоматски пациенти ја отежнува контролата над епидемијата, изјавија кинеските научници на брифингот во Пекинг.

Во случајот со САРС, заразените имале сериозни симптоми. Откако тие биле ставени во карантин, болеста престанала да се шири. Спротивно на тоа, сè повеќе асимптоматски случаи на коронавирус продолжуваат да се појавуваат во Кина, каде епидемијата е ставена под контрола.

„Ова ќе биде епидемија со која ќе живееме многу долго и веројатно ќе биде сезонска“, вели Џин Ки од кинеската академија за медицински науки.

И американскиот стручњак Ентони Фаучи вели дека коронавирусот најверојатно ќе се враќа сезонски.

Сепак, кинеските научници исто така предупредуваат дека нема доволно докази оти заразата ќе забави во текот на летото.

„Вирусот е чувствителен на топлина, но само кога е изложен на температура од 56 Целзиусови степени подолго од 30 минути. Времето нема да стане толку топло. На глобално ниво, шансите бројот на заразени да се намали во текот на летото се многу мали“, вели Венг Гуиџијанг, шеф на одделот за инфективни болести при Универзитетската болница во Пекинг.

Треба да знаете
Последни објави