Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени 31 нов случај на лица кои, по тестирањата два дена едноподруго, согласно методите на Светската здравствена организација, резултираа излекувани од Ковид-19, со што бројката на тие кои ја пребродиле болеста се зголеми на 232.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во вторникот, според официјални информации, се забележани и десет нови случаи на носители на новиот коронавирус, со што официјалната бројка на лица кои резултираат заразени од Ковид-19 во Косово се искачи на 790.
Петмина од новозаразените се од општина Каменица, тројца од Витина и по еден од Штимле и Ораховац.
Вчера во Косово не е евидентирана ниедна жртва на Ковид-19, така што вкупната бројка на починати од заразата останува 22.
Според соопштението на ИШПК, во вторникот во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 250 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на новиот коронавирус. Вкупната бројка на тестирани од појавата на епидемијата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 6.955.