Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов најавува секоја година градежна офанзива, но од него скопјани гледаат само криминал, неработа и тендери

Петре Шилегов денеска како и секоја година најави градежна офанзива, а нема ниту еден свој проект кој го има реализирано, а е од капитално значење.

За три години тој се уште до половина ги реализира започнатите проекти од неговиот наследник Трајановски. Има едноцифрена реализација на проекти кои ги вети, за разлика од сто процентната реализација на матните тендери. Вети и неоствари изградба на подземен тунел на Скопско Кале, вети и неоствари проширување на Илинденска, вети и неоствари модерни кружни текови, вети и неоствари изградба на нови средни училишта, вети и неоствари решавање на проблемот со кучињата скитници и нивен хуман третман.

Но затоа оствари криминална продажба на градската куќа со која инкасира над 11 милиони евра. Не вети, а оствари сомнителен тендер за братучедите на Рашковски преку Дрисла во ек на корона криза за којшто се уште молчи. Не вети, а оствари бизниси кои градот ги дава за компании блиски на Вице Заев. За 4 месеци во ек на корона криза дал 22.5 милиони денари за привремени вработувања на партиски војници.

Единствено за што е во право е неговото признание дека Шилегов не живее од плата. Човекот живее од тендери и криминал.

Треба да знаете
Последни објави