Хотелите во Полска ќе бидат отворени за летните одмори

Хотелите во Полска ќе бидат отворени за летните  одмори, изјави денеска за државното радио, владиниот портпарол Пјотр Мјулер.

Тој  додаде дека новите случаи на заразени со коронавирусот продолжуваат да се зголемуваат во државата.

Се очекува денеска полската Влада да ја објави својата одлука за отворање на некои индустрии и услуги што беа затворени поради пандемијата.

Во Полска, традиционално летните одмори се од јули до август, но се уште не е јасно дали ќе биде така и оваа година. Владата веќе го продолжи затворањето на училиштата во земјата до 24 мај.

Треба да знаете
Последни објави