Јанушев: Нема никаква корист од владините мерки, за три месеци имаат потрошено енормни 120 милиони евра

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев имаше јавување во вестите на Канал 5 при што посочи дека мерките што ги носи Владата се мерки кои што ги носи како да се каже дека работи нешто, иако мерките  се од никаква корист за стопанствениците. Јанушев во истото јавување за Канал 5 потсети дека владата за само три месеци има потрошено 120 милиони евра.

„Ги критикувавме мерките на Владата, бидејќи не се никакви мерки. Бидејќи еве да го тргнеме настрана она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го коментираме и можеби луѓето не го гледаат повеќе од еден политички аспект или политички контекст дали имаме барем еден стопанственик, дали имаме барем едно лице што доаѓа од бизнис секторот кое што може да ги користи овие мерки и кое е задоволно од мерките“, запраша Јанушев.

„Но де факто мерките не се од никаква помош во однос на она што се случува пред се во стопаснтвото, нели зборуваме за тоа. Јас уште еднаш ќе напоменам за она што во последниот период го коментираме и комуницираме со јавноста, а тоа се 120 милиони евра пари потрошени од страна на Владата од буџетскиот дефицит. И тоа за само три месеци. А, приота не гледаме дека буквално ништо се случува, односно ниту се гради, ниту е нешто видливо и од корист за граѓаните“, нагласи Јанушев.

Јанушев образложи дека единствено овие пари, оваа огромна сума од 120 милиони евра се користат за корупција и за поткуп на гласачите, во пресрет на изборите кои што требаа да се одржат на 12-ти април.

„Ако тоа го сведеме на некоја тоа нели груба математика да кажеме тоа се до некаде околу 15.000 денари задолжување за секое едно семејство во Република Македонија. Да имавме држава каде што нормално функционира судството, до денеска ќе имавме и реакции од страна на обвинителството. И истото обвинителство ќе испиташе што се случува со овие пари“, појасни Јанушев.

Јанушев посочи дека ако Владата продолжи на овој начин да функционира како што досега функционира, тогаш до крајот на годината ќе имаме над 1 милијарда или поточно околу една милијарда и 300 милиони евра потрошени пари од буџетскиот дефицит, што е недозволиво.

Треба да знаете
Последни објави